Нема на залиха
Electric Garden – заборави на природното зошто во овој дизајн формите се бунтуваат, боите се засилуваат, а сè вибрира во поп ритам. Апстрактни зраци и ‘диви’ форми се спојуваат во совршено пресметан хаос. Графичка џунгла за оние што го сакаат неочекуваното. Експлозивна, модерна и без филтри.
Eddie Baehr е современ илустратор и дизајнер од Франција, познат по својот ведар и разигран ‘визуелен’ јазик. Неговото творештво е препознатливо по динамичните композиции, живите бои и хуморот што го внесува во секое дело. Еди успева да долови чиста радост и безгрижност, создавајќи светови полни со фантазија, симболи и неочекувани детали.
Инспириран од природата, поп културата и детската љубопитност, тој често комбинира тропски елементи, апстрактни форми и ликови со изрази кои „живеат“ на платното. Без разлика дали работи на модни дезени, пакувања, постери или канцелариски материјали, секој негов проект носи автентичност и нескротлива енергија.
Од неговото студио во срцето на Франција, Еди секојдневно создава нови универзуми каде боите говорат, формите танцуваат, а секој детал раскажува приказна.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Шишињата Cool Bottles™ од не’рѓосувачки челик се здрава и одржлива опција за да се одржуваме хидрирани. Нивниот издржлив дизајн без БПА ни обезбедува безбедно и еколошко искуство, па затоа, ајде да се грижиме за нашето здравје и за планетата со нашите еколошки шишиња!
Мислења
Сеуште нема мислења.