Услови на користење

ЛНПК ДОО Скопје,  Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.coolbottles.mk.

Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Друштво за производство, трговија и услуги ЛНПК ДОО СКОПЈЕ

Адреса: ул. Женевска 13, 1000 Скопје

Тел: +38978224997

Email: contact@coolbottles.mk

WEB: www.coolbottles.mk

Шифра на дејност: 47.19 Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страна и онлине продавница.

  1. Општи одредби

ЛНПК ДОО ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на ЛНПК ДОО е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

ЛНПК ДОО ја администрира оваа страница во соработка со ИТ компанија со која има склучено договор во  Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

ЛНПК ДОО може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  1. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.coolbottles.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

 Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на наши партнери и соработници се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на нашите партнери и соработници кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1. Кориснички блог

ЛНПК ДОО го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на ЛНПК ДОО, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница, не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци и да го изберете начинот на плаќање.

Избор на производи                                 

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија.  Со избор на категорија се отвара паѓачко мени со листа на сите подкатегории во онлајн продавницата. Со избор на било која подкатегорија веќе се пренасочувате дирекно на колекцијата која Вам ве интересира, при што се отвора страна со сите наши производи. На оние на кои е означено НАСКОРО, значи дека во моментот ги немаме на залиха, додека пак сите останати се достапни за продажба. Доколку сте заинтересирани за производ со назнака НАСКОРО, со клик на полето – ЛИСТА НА ЧЕКАЊЕ- внесувате име , презиме, телефон за контакт и емаил, и при прва залиха на производот, добивате автоматски маил од наша страна и контакт телефонски од нашите оператори.

Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според големина на производ: 260мл, 350мл, 500мл, 750мл, 330мл – во зависност од подкатегоријата на производи,

Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со скролање надолу каде се достапннни полињата: димензии, карактеристики, достава и често поставувани прашања.

Со клик на сликата од производот, се отвораат сите достапни слики за избраниот производ.

Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини, од Вас ќе биде побарано да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 4.000 денари, испораката е на трошок на купувачот е во износ од 120 – 200 денари, во или надвор од Скопје.

Плаќање

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање – со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.

Сите цени кои што се објавени на сајтот на ЛНПК ДОО се прикажани со вклучено ДДВ, бидејќи ЛНПК ДОО е ДДВ обврзник.

Плаќање по испорака:

Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина – вкупната сума на нарачката, дополнително готовина за испораката.

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard или Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на ЕPAY на Халк Банка Ад Скопје која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Халк Банка АД Скопје, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

Напомена:

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.

Достава

Достава во Скопје вршиме со компанијата Urban Logistic во сите работни денови од неделата, во период од 08 – 16 часот. Доставата е во рамки на 2-3 работни денови. 
Трошоци за достава: регуларна нарачка 150 денари и експресна нарачка ( во рок од 24 часа/работни денови) е 200 денари.

Достава во сите градови/села надвор од Скопје, вршиме со компанијата Карго Експрес, во сите работни денови, во период од 08 – 16 часот. Доставата е во рамки на 2 – 5 денови во зависност од крајната адреса. 
Трошоците за достава варираат од 120 денари до 220 денари , во зависност дали има наплата на порачката при достава ( за кое самата карго компанија наплаќа + 30 денари од стандардната достава), дали доставата е до база на Карго Експрес или до адреса. Трошоците за достава се наплаќаат во готово, при прием на нарачката од страна на карго компаниите и не се вметнати во крајната сума на производите на нашата веб страна. Бесплатна достава е над 4000 денари.

Посебно известување:

  • Брзата достава може да биде оправдано неиспорачана во истиот ден во услови на затварање на градското сообраќајно подрачје за време на штрајкови, масовни собири или други настани кои подразбираат забрането движење на возила и нередовен сообраќаен режим.
  • Брзата достава не се испорачува за време на државни празници и недела.
  • Доколку сметате дека треба да се променат било какви информации во врска со пратката, ве молиме да не контактирате.

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете на +38978224997 или  на е-маил contact@coolbottles.mk .
 Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

– Број на нарачка.

– Тип на производот што сакате да го рекламирате.

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е користен.

Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите продавници.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, ЛНПК ДОО има обврска на враќање на средства на сметката на купувачот.

Доколку е потребно да се креира поврат и рефундација за производи кои што се платени во готово при превземање на нарачката, рефундацијата не може да се направи во готовина, туку се прави на трансакциската сметка на корисникот која што ни ја доставил во своето барање за поврат.

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на contact@coolbottles.mk или по пошта на нашата адреса наведена погоре.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата ЛНПК ДОО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на ИТ компанијата со која имаме договор, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Тие се одговорни за техничка подршка на ЛНПК ДОО и се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме, ХАЛК Банка АД Скопје која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.coolbottles.mk не е наменета за лица под 14 години. ЛНПК ДОО нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.coolbottles.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

– податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура;

– податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

– податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;

– податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 5 години од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ 

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 4.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

COOL-LETTER

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form