Политика за враќање на производ

Производите на Cool Bottles Македонија, се доставуваат со куриерска компанија низ цела Македонија. Со оглед на фактот дека станува збор за надворешна компанија со која соработуваме за достава на производите, Ве молиме , откако ќе ја примите пратката истата да ја проверите од видливи оштетувања ( искинати делови, нагмечување или некакво друго физичко оштетување). Доколку забележите такво оштетување Ве молиме веднаш да не исконтактирате на бројот +38978224997 или да ни испратите порака и фотографии на contact@coolbottles.mk, со ваши податоци од нарачката.

Доколку производот не е во согласност со вашата нарачка , и истиот сакате да го вратите, Ве молиме да ни испратите емаил на contact@coolbottles.mk, во кој ќе ги наведете причините за враќање или можна замена. Во овие ситуации трошокот за враќање на производот со куриерската компанија е на страна на купувачот (Нарачателот на нарачката).
НАПОМЕНА: производот не може да се врати /замени доколку е веќе користен од ваша страна.

За сите погоре наведени ситуации , Ве молиме да не контактирате во рок од 24 часа од приемот на пратката.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата contact@coolbottles.mk