Користењето на термални шишиња и додатоци од нерѓосувачки челик е од особено значење за заштита на животната средина, како и заштита на здравјето на луѓето.

Преку користење на вакви производи во нашето секојдневие, значително ја намалуваме зависноста од пластичните предмети за еднократна употреба. Ова помага во намалувањето на пластичниот отпад , што е од особено значење за заштита на животната средина.

Термичките шишиња се дизајнирани да ги одржуваат пијалоците топли или ладни подолги периоди без потреба од електрична енергија или дополнителни извори на енергија. Ова ја намалува зависноста од енергетски интензивните методи како што се ладење или греење, придонесувајќи за заштеда на енергија и помали емисии на јаглерод.

Нерѓосувачкиот челик е безбеден и нетоксичен материјал кој за разлика од пластиката што може да ‘исцеди’ штетни хемикалии во пијалоците, нерѓосувачкиот челик ја одржува чистотата на содржината, обезбедувајќи поздраво и побезбедно конзумирање на пијалаците.

Изборот на термални шишиња и додатоци од нерѓосувачки челик поттикнува промена на навиките за одржлива потрошувачка, промовира свесност за еколошките прашања и ги охрабрува другите да направат еколошки избори, што доведува до пошироко позитивно влијание врз планетата.

Па така, нашата основна цел се заснова на глобалниот проблем на планетата Земја и огромната потрошувачка на пластика. Пластичниот отпад ги загадува водите и почвите, создавајќи големи пластични острови низ целата планета Земја, бидејќи примарниот фокус на луѓето е пластиката за еднократна употреба.

Ние се стремиме и успеваме да ги замениме пластичните производи со висококвалитетни производи од нерѓосувачки челик со врвна термичка функционалност (36 часа ладно, 18 часа топло во случај на шишиња) преку нашата ексклузивна Triple Cool™ технологија единствена на пазарот.

На овој начин, имаме за цел производите Cool Bottles™ да бидат еквивалент на секојдневните додатоци како часовници, мобилни телефони или очила за сонце. Со други зборови, ние веруваме дека естетската или модната компонента е фундаментална за промена на животниот стил, а преку нашите колекции и промена на секојдневната рутина, заеднички да ја заштитиме средината во која што живееме!

Сами сме одговорни за нашето здравје!